• среда, 27 ноември 2024

Во крводарителска акција во Велес собрани 180 крвни единици

Во крводарителска акција во Велес собрани 180 крвни единици

Велес, 3 ноември 2024 (МИА) -  Во акција за  дарување крв во рамки на Програмата за одбележување на Денот на ослободување на Велес, 9- ти Ноември, денеска беа собрани  180 крвни единици.

Традиционалната акција и годинава ја организира Мото клубот „Носачи на крстот“ во соработка со Општина Велес, а ја реализира Општинската организација на Црвен крст со медицинска екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

 

Како што информира за МИА Орце Николов секретар на ООЦК Велес денеска оваа акција постигнала нов рекорд  од собрани 180 крвни единици, а досега рекордот на акцијата бил 178 крвни единици.

Тој  што искажува благодарност на сите хумани граѓани како и членовите на мото клубот „Носачи на крстот“  од Велес. Во денешната акција, 12 лица првпат дарувале крв и влегле во Друштвото на хуманите. ад/лв/

фото:МИА

Остани поврзан