• понеделник, 07 октомври 2024

Во карбинското село Крупиште се реконструира игралиште

Во карбинското село Крупиште се реконструира игралиште

Штип, 10 октомври 2023 (МИА) - Целосно се реконструира и обновува детското игралиште во село Крупиште.

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов денеска истакна дека станува збор за игралиште кое доби нова тартан подлога, детски реквизити, а е на барање на жителите. Посочи дека во него инвестираат еден милион денари, средствата се од  буџетот на Општина Карбинци.

-Овде добиваме еден реконструиран нов детски и забавен парк во центарот на село Крупиште со што за кратко време и реквизитите ќе бидат обновени. Ова е целосна инвестиција на Општина Карбиници и е во рамки на проектот за реконструкција на детски игралишта со вредност од еден милиони денари, вели Паунов.

Тој најави дека наредниот период  ќе се работи и на низа други проекти. Претходно беа  уредени спортски игралишта во селата Долни Балван и  Карбинци. вдј/мд

Фото: МИА 

Остани поврзан