• недела, 21 јули 2024

Во Канада откриени уште 182 анонимни гробови на домородни деца

Во Канада откриени уште 182 анонимни гробови на домородни деца
Отава, 1 јули 2021 (МИА) - Уште 182 анонимни гробови се откриени во близина на поранешното католичко училиште Свети Јуџин во близина на Кранбрук, Канада. Во новооткриените гробови воглавно се закопани домородни деца на возраст од седум до 15 години. Во изминатите неколку недели откриени се стотици необележани гробови на местата на поранешни резиденцијални училишта за домородни деца. Со таквите училиштата раководеше Католичката црква во име на државта од 1840 па се до 90-тите години на минатиот век. Повеќе од 150.000 домородни деца биле насилно испраќани во училиштата финансирани од канадската Влада и управувани од Католичката црква со цел за насилно асимилирање на домицилниот народ. ми/

Остани поврзан