Земјите од Персискиот Залив бараат итна дебата во ОН за иранските напади
- Земјите од Персискиот Залив побараа итна дебата во Советот за човекови права на Обединетите нации во врска со нападите на Иран врз цивили и енергетска инфраструктура на Блискиот Исток, покажуваат дипломатските документи.
Женева, 19 март 2026 (МИА) - Земјите од Персискиот Залив побараа итна дебата во Советот за човекови права на Обединетите нации во врска со нападите на Иран врз цивили и енергетска инфраструктура на Блискиот Исток, покажуваат дипломатските документи.
Во дипломатска нота, во која имале увид некои светски агенции, нападите со балистички ракети и дронови врз Бахреин, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати се опишани како „ситуација на сериозна загриженост за меѓународниот мир и безбедност“ со сериозни импликации за човековите права.
Земјите од Персискиот Залив истакнуваат дека неиспровоцираните напади, и покрај нивните уверувања до Техеран дека нивните територии нема да се користат за антиирански активности, бараат итно внимание.
Нацрт-резолуцијата предложена од земјите од Персискиот Залив ги осудува нападите и го повикува Иран веднаш да ги прекине нападите врз цивилната инфраструктура и комерцијалниот бродски превоз во Ормуската Теснина, како и да надомести за штетите врз цивилите, инфраструктурата и животната средина.
Советот на ОН го прими барањето и моментно разгледува датум за одржување на дебатата, според писмото од претседателот на Советот, Сидарт Реза Суриодипур. јт/