Напад со дрон од Судан уби 17 лица во Чад
- Напад со дрон од Судан уби 17 лица во Чад, соопштија денеска владата на Чад и локални извори, додека претседателот на Чад, Махамат Идрис Деби, вети одмазда во случај на нови напади.
Нџамена, 19 март 2026 (МИА) - Напад со дрон од Судан уби 17 лица во Чад, соопштија денеска владата на Чад и локални извори, додека претседателот на Чад, Махамат Идрис Деби, вети одмазда во случај на нови напади.
Граничниот град Тине беше погоден вчера попладне додека луѓето се собираа во куќа за погреб на роднина, изјави жител.
Се случија две експлозии, при што загинаа и беа повредени луѓе, вклучувајќи деца кои си играа во близина, изјави жител кој не сакаше да биде именуван.
Локалните власти велат дека сè уште не е јасно кој стои зад нападите.
Конфликтот во Судан меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка, кој започна во април 2023 година, повремено преминува на територијата на Чад, предизвикувајќи жртви и материјална штета.
Чад ја затвори својата источна граница со Судан минатиот месец откако петмина чадски војници беа убиени во судири поврзани со војната.
Владата на Чад денеска соопшти дека ги зајакнала безбедносните сили на границата и дека може да спроведува операции на суданска територија.
Канцеларијата на претседателот на Чад, Махамат Идрис Деби, соопшти дека Деби ѝ наредил на војската да одговори на секој напад од Судан. мс/
фото: Архива