Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на театарот
- Театарот при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе“ Кавадарци го одбележа 27 март - Светскиот ден на театарот, информираа попладнево од оваа јавна установа од културата.

Кавадарци, 27 март 2025 (МИА) - Театарот при Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе“ Кавадарци го одбележа 27 март - Светскиот ден на театарот, информираа попладнево од оваа јавна установа од културата.
- Пред младата публика од кавадаречките средни училишта, светската порака по повод Денот на театарот на светски познатиот грчки театарски режисер Теодорос Терзопулос, ја прочита актерот Диме Боцев, додека македонската порака на театарскиот, ТВ и филмски актер Емил Рубен (МНТ Скопје), ја прочита актерот Александар Малинков, соопштија од културниот дом.
Младите актери при театарот на Домот на културата, одиграле дел од актуелната претстава ,,Шекспир во приказни“, во режија на Микица Илова.
- Во чест на Денот на театарот, на гости ни беа ученици од ОУ ,,Гоце Делчев“ и ОУ ,,Тошо Велков Пепето“, пред кои кавадаречките актери ја објаснија суштината на театарот како уметност, а и одиграа како редовна проба пред премиерата, што е најавена за почетокот на април 2025 година, дел од претставата ,,Жена ми се вика Борис“, во режија на Диме Боцев, додадоа од Домот.
Посочија дека месец април ќе биде полн со театар во Кавадарци. свд/са/
Фото : Дом на култура