• среда, 27 ноември 2024

Во Кабинетот на претседателот отворена изложбата „Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски"

Во Кабинетот на претседателот отворена изложбата „Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Во Кабинетот на претседателот на Северна Македонија од денеска е отворена изложбата „Приказни за Летната школа по архитектура во манастирот Св. Јоаким Осоговски 1992-2017", која беше избрана за национален претставник на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција оваа година.

Претседателот Стево Пендаровски денеска за време на отворањето на изложбата рече дека со отворањето на изложбата пред македонската јавност придонесуваме за дополнителна промоција и афирмација на македонските креативни автори и уметници, кои тоа бездруго го заслужуваат.

-Со претставување на годинешниот македонски национален претставник во Венеција, верувам дека на најсоодветен начин ја испраќаме ова година, гледајќи со поголем оптимизам и верба за следната 2024 година. Нека ова богатство, оваа убавина биде наш влог за едно време кое де надеваме ќе биде посреќно од денешното, рече Пендаровски.

Носител на проектот е здружението „Градот убав“, комесар на проектот е Национална галерија, а настанот е под покровителство на Министерството за култура. бт/ац/

Фото: МИА

Остани поврзан