• вторник, 24 декември 2024

Во Иран започнува пријавувањето на кандидатите за претседателските избори закажани за крајот на јуни

Во Иран започнува пријавувањето на кандидатите за претседателските избори закажани за крајот на јуни

Техеран, 30 мај 2024 (МИА) - Во Иран денеска почнува петдневниот рок за кандидатура за предвремени претседателски избори, кои се одржуваат по загинувањето на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

Кандидати за изборите закажани за 28 јуни можат да бидат лица на возраст од 40 до 75 години и мора да имаат најмалку магистерски студии.

Сите потенцијални кандидатури мора да бидат одобрени од Советот на чувари на Револуцијата, 12-члено тело составено од адвокати и истакнати верски водачи надгледувано од иранскиот врховен водач, Али Хамнеи.

Советот никогаш не прифатил жена за кандидат или некој кој повикува на радикални промени во управувањето со државата, потсетуваат политичките аналитичари.

Фаворит би можел да биде вршителот на должноста претседател на земјата, Мохамед Мокбер. Како можни кандидати се и поранешниот тврдокорен претседател Мохамад Ахмадинеџад и поранешниот реформски претседател Мохамед Катами, но прашање е дали ќе им биде дозволено да се кандидираат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан