• петок, 26 јули 2024

Во Индонезија запленети неколку стотини ражничи од кучешко месо

Во Индонезија запленети неколку стотини ражничи од кучешко месо

Џакарта, 25 јули 2024 (МИА) – Властите на Бали заплениле неколку стотици ражничи и десетици килограми сурово кучешко месо на остров во индонезискиот архипелаг каде ваквата трговија е нелегална, соопштија денеска локалните власти.

Туристичкиот центар Бали минатата година ја забрани трговијата со кучешко месо, при што прекршителите се соочуваат со затворска казна до три месеци или парична казна од 50 милиони рупии (3.064 долари), но трговијата останува легална во некои региони на Индонезија.

За време на инспекциите оваа недела, властите откриле тројца продавачи на кучешко месо кои ги прекршуваат локалните прописи.

Индонезија е една од ретките земји во светот што дозволува продажба на месо од кучиња и мачки, но кампањата за ставање крај на оваа практика добива на интензитет, а некои градови како Семаранг на островот Јава воведоа локални забрани во последните години. јт/

Фото: Пиксабеј илустрација

Остани поврзан