• петок, 08 ноември 2024

Во израелски воздушен напад погоден стан во либанскиот пристанишен град Сидон

Во израелски воздушен напад погоден стан во либанскиот пристанишен град Сидон

Бејрут, 29 октомври 2024 (МИА) – Најмалку едно лице загина, а неколку други се ранети откако во израелски воздушен напад е погоден стан во зграда во јужен Либан, соопштија либански безбедносни извори.

Цел на нападот било предградието Харет Саида во крајбрежниот град Сидон, околу 40 километри јужно од главниот град Бејрут.

Оштетени се најмалку три згради, велат изворите, пренесува ДПА.

Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) објави дека спроти местото каде што се случи нападот има комплекс на згради што му припаѓа на Хезболах. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан