• сабота, 23 ноември 2024

Во Есен приведен тинејџер кој планирал бомбашки напад во училиште

Во Есен приведен тинејџер кој планирал бомбашки напад во училиште
Берлин, 12 мај 2022 (МИА) - Германската полиција во Есен приведе 16-годишно момче, откако во неговиот дом пронашла материјали за изработка на бомби. Тинејџерот е приведен под сомнение дека планирал напад во училиште. Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Херберт Реул изјави дека материјалите за правење бомби и други експлозивни материи биле откриени утрово за време на рација во домот на тинејџерот. Набргу потоа, полицијата започна голема операција во две училишта во Есен. - Полицијата најверојатно спречила кошмар, посочи Реул. ми/

Остани поврзан