• среда, 27 ноември 2024

Во Египет егзекутиран екстремистички лидер

Во Египет егзекутиран екстремистички лидер
Каиро, 4 март 2020 (МИА) – Во Египет денеска е егзекутиран еден од најпознатите екстремистички лидери во земјата, Хишам ел Ашмави, откако беше осуден за неговата улога во планирање на многу смртоносни напади против египетските безбедносни сили. Воениот портпарол, полковник Тамер ел-Рифаи, на својата страница на Фејсбук објави дека Ашмави е егзекутиран со бесење. Ашмави, поранешен припадник на египетските специјални сили, кој премина во исламски милитанти, беше осуден на смрт на воен суд за неговото учество во напади на екстремисти врз владини цели. Граѓански суд во понеделникот исто така го осуди на смртна казна заедно со уште 36 други екстремисти поради обвиненија поврзани со тероризам. јт/

Остани поврзан