• сабота, 23 ноември 2024

Во Делчево почна обуката за дијагностика и поправка на електронски уреди за млади лица

Во Делчево почна обуката за дијагностика и поправка на електронски уреди за млади лица
Делчево, 6 септември 2022 (МИА) - Почна обуката за дијагностика и поправка на електронски уреди за млади лица од Делчево, Пехчево и Македонска Каменица. Обуките, како што информираа организаторите, се дел од проектот „Одржливо управување со електронски отпад - сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш" .
-Со обуката се опфатени шест млади лица од споменатите општини. Истите се одржуваат во посебни простори со набавена комплетно нова опрема за дијагностика и сервис на најразлични електронски уреди, истакнаа од Регионалниот центар за застапување Делчево.
Целта, како што додадоа, е да се влијае кон намалување на електронскиот отпад преку продолжување на векот на траење на ел. уреди и правилно управување со оние кои треба да се исфрлат од употреба.
-Местото на електронскиот отпад не е во депониите и кантите за отпадоци и затоа меѓу другото целта е и да ја зачуваме животната средина и нашето здравје, додадоа од РЦЗ.
„Одржливо управување со електронски отпад - сервис за поправка и правилно одлагање на ОЕЕО во микро регионот Пијанец-Малеш" е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) преку Програмата за мали грантови. вс/бт/

Остани поврзан