• понеделник, 23 декември 2024

Во Дебарското муфтиство за Рамазан Бајрам собрани над два милиони денари доброволни прилози

Во Дебарското муфтиство за Рамазан Бајрам собрани над два милиони денари доброволни прилози

Дебар, 1 мај 2024 (МИА) - По повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, во Дебарското муфтиство собрани се над два милиони денари доброволни прилози на верниците, постојани жители, како и од оние кои живеат и работат во странство.

-За празникот, на име доброволни прилози од верниците собрани се 2.018.600 денари или 32.822 евра. Од овој износ на средства 70 отсто се наменети за Иса Бег Медресе – исламско теолошко училиште Скопје, додека останатите за нашето муфтиство. Поточно средствата се наменети за семејства кои се нашле во потреба од помош, изјави за МИА, Орхан Зенго, секретар во муфтиството.

Најголем процент од собраните средства се во Дебар, 698.100 денари, што е разбирливо по бројот на жители, потоа во селaта Требиште, 300 илјади, селата Могорче и Велебрдо по 185 илјади, Ростуше над 172 илјади, Скудриње над 146 илјади.

Исто така, според Зенго, на име верска должност, по повод Светиот месец Рамазан, прибрани се средства во износ од 105.500 денари.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан