• сабота, 23 ноември 2024

Во два израелски воздушни напада врз Газа во текот на ноќта загинаа 30 Палестинци

Во два израелски воздушни напада врз Газа во текот на ноќта загинаа 30 Палестинци

Рафа, 13 јануари 2024 (МИА) - Повеќе од 30 Палестинци, вклучувајќи и мали деца, се убиени во два израелски воздушни напади врз Појасот Газа во текот на ноќта, соопштија палестинските власти. 

На снимка на социјалните медиуми се гледа како спасувачите на цивилната одбрана на Газа пребаруваат низ урнатините на куќите во Градот Газа, користејќи батериски светилки.

На една од нив се гледа и како спасувачите со ќебе носат млада девојка со повреди на лицето и две деца кои најверојатно се мртви.

-Најмалку 20 лица загинаа само во нападот врз куќа во населбата Дарај, изјави портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.

Во друг напад во близина на јужниот град Рафа, загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои и две деца.

Министерството за здравство во Газа, што е раководено од Хамас, денеска соопшти дека во последните 24 часа загинале 135 Палестинци, со што вкупниот број на жртви во војната се зголеми до 23.843. Притоа, министерството соопшти и дека вкупниот број на ранети во војната надмина 60.000.

Израел тврди дека Хамас е одговорен за цивилните жртви, бидејќи неговите борци ги користат цивилните згради и напаѓаат од густо населените урбани области. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан