Во Грузија денеска нови протести против владата
- За денеска во 15 часот е закажан нов протест на Плоштадот на републиката во Тбилиси. Вчерашниот протест беше одбележан со напади врз демонстранти, новинари и опозициски политичари.

Тбилиси, 8 декември 2024 (МИА) - За денеска во 15 часот е закажан нов протест на Плоштадот на републиката во Тбилиси. Вчерашниот протест беше одбележан со напади врз демонстранти, новинари и опозициски политичари.
Локалните медиуми известуваат дека специјалци во цивилна облека учествувале во нападите.
Протестите траат веќе 10 дена, а демонстрантите бараат оставка од владата и нови избори.
Незадоволството на граѓаните е поттикнато од одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги суспендира преговорите за пристапување кон ЕУ до 2028 година. ссм/
фото: ЕПА