• понеделник, 23 декември 2024

Во Гевгелија се реализираше акција за хортикултурно уредување на Инклузивниот парк

Во Гевгелија се реализираше акција за хортикултурно уредување на Инклузивниот парк

Гевгелија, 9 април 2024 (МИА) - Во Гевгелија се реализираше акција за хотиркултурно уредување на Инклузивниот парк којшто се гради во дворот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“. Настанот беше во организација на Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје, која е и донатор на паркот, а се посадија дрвца и зимзелени грмушки.

-Во одлична атмосфера заеднички испративме порака дека останувуваме посветени на создавање квалитетна животна средина. Модерното и динамичното живеење создава потреба од обезбедување повеќе простор за одмор и рекреација, а наша обврска е обезбедување на истите. Местото на стариот дом во Пионерскиот дом забрзано се претвора во урбано уредена зелена површина со реквизити за деца. Чест е да се соработува со Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје. Досега, имаат дадено огромен придонес за нашиот град. Тие важат за пример којшто треба да ни служи во поглед на создавање квалитетни општествени вредности, истакна градоначалникот Сарамандов.

Задоволството од успешно реализираната акција го изразија и од Фондацијата „Ице Бегов“- Скопје.

-Бидејќи градежните активности на паркот се во завршна фаза, денот го посветивме на засадување дрвја и разубавување на паркот. Преку насмевки и забава покажавме дека не постојат пречки и дека сите заедно можеме да придонесеме за разубавување на нашето општество. Оваа заедничка акција го потрврдува нашиот ангажман за создавање простори коишто ќе бидат достапни за сите, рекоа од фондацијата.

Во акцијата покрај градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамндов, учествуваа и амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер со сопругата Елвира, Јоланта Гжелич, сопруга на амбасадорот на Полска, Катарзина Самоцук, конзул во Амбасадата на Полска и Жанет Маркушова, сопругата на амбасадорот на Словачка. Покрај нив, свој придонес во хортикултурното уредување дадоа и голем број претставници и членови на Здруженијата на лица со попреченост, Фондација „Ице Бегов“ , Фондација „Аполонија“, Дневните центри за лица со попреченост, Планинарскиот клуб „Кожуф“ и ЛАГ „Бојмија“. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан