• вторник, 24 декември 2024

Во Гевгелија се одржува обука за поголема застапеност на младински политики

Во Гевгелија се одржува обука за поголема застапеност на  младински политики
Гевгелија, 11 ноември 2021 (МИА) - Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија, во рамки на УСАИД проект за граѓанско учество, што се имплементира преку Националниот младински совет, денеска организира еднодневна обука за креирање и застапување на младинските политики. Преку проектот организаторите велат дека младите ќе се едуцираат за поголема застапеност на младинските политики. -Целта на обуката е учесниците да стекнат знаења и вештини за тоа како да се дефинираат, креираат и застапуваат младинските политики, како и да се мотивираат и едуцираат младите и младинските организации за постоење и примена на Законот за младинско учество и младинки политики, велат организаторите. На обуката присуствуваат претставници на младински организации од сите општини во југоисточниот регион од земјата. им/ки/

Остани поврзан