• среда, 27 ноември 2024

Во Велес приведена жена осомничена дека украла пари од починато лице 

Во Велес приведена жена осомничена дека украла пари од починато лице 

Велес, 2 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера  ја лишиле од слобода 32 годишната Р.С. од Велес, осомничена дека од лицето Т.Ѓ.(54) години  од Велес одзела пари.  Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ пред дуќаните во близина на Новиот мост во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите, информира денеска Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Осомничената  била  задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.
 

На Т.Ѓ вчера  му се слушило пред дуќаните кај Новиот мост во Велес по што била повикана Итна медицинска помош, која констатирала смрт без траги на насилство.ад/лв/

Остани поврзан