Во Велес одбележани 155 години од раѓањето на Васил Главиниов
- Васил Главинов е основач на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.
Велес, 19 март 2024 (МИА) - Денеска се навршуваат 155 години од раѓањето на велешкиот револуционер и поборник за работнички права Васил Главинов. По тој повод делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев и советници во општинскиот Совет, како и делегации на институции и од ООУ„Васил Главинов“ денеска положија цвеќе и се поклонија пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште што го носи неговото име.
Васил Главинов е основач на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.
Во чест на патронот училиштето организираше повеќе литературни, ликовни и спортски активности. Вечерва во 18:30 часот во големата сала на Општина Велес во чест на раѓањето на Васил Главинов ќе се одржи завршна свеченост под мотото „Потрагата по среќа во туѓина-печалбарски сон“. ад/дма/