• четврток, 18 декември 2025

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Битола, 10 јули 2025 (МИА) - Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа. мт/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан