Во Битола се одржа тркалезна маса за спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство
- Центар за образовни и развојни иницијативи „ ИНОВА ЛАБ “ Битола во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола одржаа тркалезна маса на тема „Улогата на заедницата во спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство – можности за вмрежување и локална акција“.

Битола, 27 ноември 2024 (МИА) - Центар за образовни и развојни иницијативи „ ИНОВА ЛАБ “ Битола во соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на општина Битола одржаа тркалезна маса на тема „Улогата на заедницата во спречување и поддршка на жени жртви на семејно насилство – можности за вмрежување и локална акција“.
Општина Битола е посветена и со конкретни чекори во иднина ќе ги зајакнува механизмите за поддршка и заштита на жените од семејно насилство, истакна градоначалникот Тони Коњановски на собирот во Битола.
-Општина Битола е една од првите општини во државата што е целосно вклучена во процесот и од својот буџет издвојува сопствени средства во висина од еден милион денари со што на овој начин директно го помага функционирањето на Регионалниот советовалиштен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово и семејно насилство, кој гравитира во Пелагонискиот регион, посочи Коњановски.
Од секторот за односи со јавност соопштија дека Општина Битола останува посветена на заложбите за превенирање и решавање на сериозен проблем на заедницата, како што е семејното насилство. мт/цр
Фото: Општина Битола