• среда, 25 декември 2024

Во Битола санкционирани 75 возачи за брзо возење

Во Битола санкционирани 75 возачи за брзо возење
Скопје, 24 септември 2022 (МИА) - На територија на СВР Битола денеска се санкционирани 75 возачи кои возеле побрзо од дозволеното. Од нив, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 31 надвор од населено место. Акциската контрола, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, е спроведена во периодот од 8 до 14 часот. Против сите прекршители изготвени се соодветни пријави. бак/

Остани поврзан