• вторник, 24 декември 2024

Во Битола презентиран проектот „Алтернативно туристичко патување“

Во Битола презентиран проектот „Алтернативно туристичко патување“

Битола, 7 јуни 2023 (МИА) - Македонски и грчки експерти во соработка со Здружението за телесен инвалидитет-Битола, Демир Хисар и Ресен, презентираа проект „Алтернативно туристичко патување“, посветен на лицата со попреченост.

Според Ивона Јанкова проектен менаџер, пристапноста сеуште е непознат поим за многу лица затоа што има многу елементи во поимот пристапност кој е посебно важен во туризмот.

-Во рамки на проектот обезбедивме попис на сите објекти во регионот кои имаат соодветна пристапност и притоа воочивме дека многу раководители на различни установи и институции не знаат кои се законските обврски за обезбедување пристапност кон објектите. Многу хотели иако тврдат дека се пристапни, кога ќе ги посетите воочувате дека не се пристапни. Истото се случува во објекти од културата, угостителски објекти и слично. Затоа треба да се помогне, посебно на лицата со попреченост, истакна Јанкова.

Минатата година во рамки на проектот „Алтернативно туристичко патување“ беа изработени туристичка сигналитика за 10 најзначајни културно историски споменици во Битола кои содржат туристички водич напишан со Браево писмо на македонски, грчки и англиски јазик, изработени беа тактилни плочи кои што се поставени во градот, тактилни фотографии и други апликации со аудио поддршка, беше посочено на денешната промоција и работилница посветена на македонско-грчкиот проект. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан