• вторник, 24 декември 2024

Во беровско Ратево се одржа традиционалниот карневал Ратевски Бамбурци

Во беровско Ратево се одржа традиционалниот карневал Ратевски Бамбурци

Делчево, 20 јануари 2023 (МИА) - И оваа година Ратевските Бамбурци ја продолжија вековната традиција, која на денешен ден секоја година се организира, по повод христијанскиот празник Собор на Св.Јован  Крстител во селото Ратево. 

Настанот и годинава  го организаше Здружението на граѓани „Ратевски Бамбурци".

-Настанот се организира со помош на месната заедница, Општина Берово и општествено одговорни фирми, кои го помагаат  карневалот. Самата традииција налага маскирање во кожи од животинско потекло и маски со рогови. Карактеристично за Ратевски Бамбурци, е што ова е традиционална маска, учествуваат само машки во маскирањето, доколку се забележи девојка, се растура и се црни по лицето. Она што исто така е карактеристично, како што може да забележите е црнењето, кое го симболизира здравјето и така останало од постарите а продолжува  да се негува со векови, истакна претседателот на Здруженито, Драган Аговски.

Маскирањето на Бамбурците почнува после полноќ на Водици, кога детските и возрасните групи се собираат заедно.

Настанот и годинава го отвори градоначалникот Звонко Пекевски, кој на организаторите им посака уште долги години да ја организираат оваа долговековна традиција која е една од најстарите во Малешевијата.

Во рамки на централниот настан на селскиот мегдан беа претставени маски на улесници од неколку градови и села, а имаше и гости од соседна Бугарија. Настанот продолжи со општонародна веселба во која најактивни учесници беа самите Ратевски Бамбурци. вс/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан