• среда, 27 ноември 2024

Во Берово се доставува огревно дрво за сите кои потпишале договор за набавка по стара цена

Во Берово се доставува огревно дрво за сите кои потпишале договор за набавка по стара цена
Берово, 10 август 2022 (МИА) - Во Берово има доволни количини огревно дрво, а на граѓаните кои претходно имаат уплатено средства за негова достава, нарачаната дрвна маса ќе им пристигне до крајот на месец август, информираа од ПШС ,,Малешево".
Оттаму додадоа дека Беровчани можат да бидат спокојни бидејќи огревно дрво има во доволни количини.
-Поради шпекулациите за ненавремена достава на огревно дрво, кое наводно го нема во доволни количини, сакаме да информираме дека да ги негираме овие дезинформации од страна на поединци. Во моментот се врши достава до сите кои пред време уплатиле за огревно дрво, по старата договорена цена е во тек, истакнаа од ПШС „Малешево".
За останатите граѓани кои дополнително ќе се пријават за набавка на огревно дрво, доставата како што додадоа ќе се врши, откако ќе се услужат досега пријавените пред неколку месеци, за што истите благовремено ќе бидат известени.
Во моментот цената на кубик дрвна маса е покачена, но како што повторија од ЈПШ ,,Малешево", новата цена не важи за веќе потпишаните договори за достава на огревно дрво. вс/дма/

Тагови

Остани поврзан