• понеделник, 23 декември 2024

Во Берлин се одржува Самит за зајакнување на економските врски меѓу Африка и Г20

Во Берлин се одржува Самит за зајакнување на економските врски меѓу Африка и Г20

Берлин, 20 ноември 2023 (МИА) - Лидерите на 13 африкански земји се во Берлин на Самит чија цел е зајакнување на економските врски меѓу африканските земји и Групата 20 водечки светски економии (г20), јавува Би-Би-Си.

На Самитот присуствуваат челниците на Бенин, Буркина Фасо, Демократска Република Конго, Брегот на Слоновата Коска, Египет, Етиопија, Гана, Гвинеја, Мароко, Руанда, Сенегал, Того и Тунис, како и на Кенија и Нигерија, земји со стасус на набљудувачи.

Кенискиот претседател Вилијам Руто рече дека целта на иницијативата, меѓу другото, е можноста за вработување на Кенијците во Германија, во услови на зголемена невработеност во неговата земја.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ги посети Кенија и Нигерија пред неколку месеци, покажа интерес за зголемување на инвестициите во Африка, особено во клучните сектори за минерали и „зелена енергија“.

Кенискиот претседател вчера соопшти дека Шолц „му ветил дека ќе му даде 200.000 работни места. Морам да ја искористам таа можност“, рече Руто. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан