• понеделник, 23 декември 2024

Во Англија тврдат: Трент Александер-Арнолд го напушта Ливерпул

Во Англија тврдат: Трент Александер-Арнолд го напушта Ливерпул

Ливерпул, 24 октомври 2024 (МИА) - Иднината на тројца од клучните играчи на Ливерпул - Трент-Александар-Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, остануваат нејасни, бидејќи нивните договори истекуваат на крајот од сезоната.

Капитенот на тимот неодамна призна дека е во преговори со раководството на „црвените“ за нов договор. Сепак, експертот на „Скај спортс“, Тим Шервуд, кој има големо искуство како фудбалер во Премиер лигата, и како менаџер на Тотенхем, верува дека десниот бек нема да биде дел од тимот следната година и поверојатно е да продолжи со кариерата во Реал Мадрид.

-Зборуваме за тројца врвни играчи кои сакаат да освојуваат трофеи, па добриот старт помага. Тие не сакаат да бидат во тим кој ќе се бори само за места во Лигата на шампионите. Мислам дека Трент ќе оди. Откако Реал Мадрид ќе ти тропне на врата...тој веќе освои се со Ливерпул и добро му служеше на тимот, но сега ми се чини дека немаат шанси да го задржат. Со Ван Дајк и Салах е сосема поинаку бидејќи не сум сигурен во кој подобар тим од Ливерпул можат да одат. Сепак, Трент е локално момче, па евентуално заминувањето од клубот нема да биде лесна одлука. Доколку Ван Дајк и Салах заминат на слободен трансфер, навивачите на тимот ќе им посакаат се најдобро и ќе им се заблагодарат за придонесот. Но, со Трент ќе биде поинаку, реакцијата за неговото заминување ќе биде многу посериозна, изјави Шервуд. дс

Фото: Архива

Остани поврзан