• вторник, 24 декември 2024

Во американскиот Сенат сослушување за вештачката интелигенција и програмата „ЧатЏиПиТи“ 

Во американскиот Сенат сослушување за вештачката интелигенција и програмата „ЧатЏиПиТи“ 

Вашингтон 16 мај, 2023 (МИА) - Сем Алтман, раководител на технолошката компанија, ОупенЕјАј, создавач на „ЧатЏиПиТи“ треба да сведочи денеска во американскиот Сенат, а по повик од конгресмените за двопартиски договор за регулирање на новите и моќни алатки за вештачка интелигенција достапни за корисниците. 

Американските законодавци бараат подршка од Алтман за регулација и контрола на технологијата со потенцијал штетите како ширење лажни информации или измами да ја надминат користа од неа. 

-Нашата влада и владите низ целиот свет треба да преземат чекори на долгорочен план да се донесат закони и стандарти да осигураме многу повеќе корист од овие технологии отколку негативности, изјави Алтман за Си-ен-би-си во пресрет на денешното сведочење. 

Според сенаторите Ричард Блументал (демократ од Конектикат) и Џош Хоули (републиканец од Мисури) сесијата со сенатската Комисија за правосудство со подпанел за прашања за технологијата е прв чекор во разбирањето на новите технолошки алатки. 

-Вештачката интелигенција е особено возбудлива во своите потенцијали за добробит на сите, но постојат оправдани стравувања од негативните страни. Потребно е надгледување и регулација на оваа технологија, за да не нѐ надмине и ја изгубиме способноста да се заштитиме од потенцијалното зло, изјави Блументал. 

„ЧатЏиПиТи“ е информатичка технологија што за секунда создава текст, компјутерско кодирање, видео, музика и фотографии по напишана сугестија од корисникот. Креираниот материјал мошне многу наликува како да е напишан или создаден од човек.  

Технолошките компании како Мајкрософт и Гугл веќе ја вклучија оваа програма во своите производи. Мајкрософт, инвеститор во ОупенЕјАј, ги откупи правата да ја вгради „ЧатЏиПиТи“  во оперативиот систем Виндоус. Гугл се подготвува да внесе свој Еј Ај системи, како оној именуван „Бард“, во пребарувачот и во своите апликации. Нивната намера е подобрување на продуктивностана на корисниците преку бројни задачи. Апликацијата веќе е преземена од над стотина милиони корисници.  

За многумина технологијата е голема закана, за работните места, дека може да шири лажна информација или да им даде на потенцијалните криминалци нови алатки за лажно претставување. 

Според познавачите на информатичките технологии, во Еј Ај се навестува и иднина каде интелигенцијата на машините ја надминува човечката интелигенција и може да стане закана за опстанокот на човештвото. кб/ сд/

 

Остани поврзан