• сабота, 27 јули 2024

Војнаровски: Адам Силвер не сака да го скрати плеј-офот

Војнаровски: Адам Силвер не сака да го скрати плеј-офот
Вашингтон, 22 мај 2020 (МИА) - Инсајдерот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, објави дека дека комесарот во НБА не размислува да го намали бројот на натпревари во плеј-офот, доколку сезоната продолжи. - Адам Силвер сака плеј-офот да се одржи во форма прв до четири победи. Тој не сака да ја намали серијата. Тој има желба да се обиде да го легитимира статусот на шампион, напиша Војнаровски на социјалните мрежи. НБА лигата има за цел да ја продолжи сезоната по суспензијата во март поради пандемијата на коронавирус. Најверојатно сценарио е да се доигра преостанатиот дел од сезоната почнувајќи од јули. зс/

Тагови

Остани поврзан