• вторник, 24 декември 2024

Воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, не сообраќа возот Скопје - Битола 

Воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, не сообраќа возот Скопје - Битола 

Велес,14 ноември 2023 (МИА) - По четири дена целосен прекин на железничкиот сообраќај во земјава од вчера доцна попладне повторно сообраќаат патничките и транспортни возови.

Поради расипана локомотива, вчера во 14:30 часот од Скопје за Битола не замина единствениот воз на оваа релација. Поради тоа и утрово немаше воз на релација Битола - Скопје преку Прилеп и Велес. Неизвесно е до попладнево дали ќе се поправи локомотивата и дали попладнево од 14:30 од Скопје, односно од 15:25 од Велес ќе сообраќа возот од Скопје за Битола  преку Велес и Прилеп,  велат за МИА од МЖ Транспорт.

Поради несообраќање на овој воз Битола - Скопје преку Велес утрово реагираа жителете од селата на Азот, како Богомила,  Теово и Согле, кои утрово со возот  не можеа да заминат  на работа во Велес и во Скопје. Реагираа и велешани, кои со овој воз според возен ред во 5.46  часот од Велес одат на работа или на училиште за Скопје.

На Железничката станица во Велес за Скопје утрово на време во 5.03 часот тргна локаниот воз, кој синоќа од Скопје за Велес пристигна на полноќ. Утрово од Велес на време тргна и возот кој пристигна  од Гевгелија преку Велес за Скопје, а кој според возен ред од Железничката станица  во  Велес е во 6.27 часот.

Тому овој воз  на реација Скопје-Гевгелија, кој поаѓа од Скопје во 16.55 часот, а  беше првиот воз што беше запрен во петокот,а вчера попладне во 16,55 часот прв   повторно беше  пуштен во сообраќај.

Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт  во петокот попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец. Бојкотот  го прекина вчера попладне  по исполнување на нивните барања, по што  попладнето во 16.55 часот од Скопје за Гевгелија го пушти истиот воз кој прв го сопре во петокот. ад/мд/

Фото: МИА 

 

.

Остани поврзан