Вонредна состојба во Чиле, конфликт помеѓу војската и домородците
- Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера прогласи вонредна состојба и испрати војска на југот на земјата, во услови на зголемени конфликти со домородците на Мапуче, кои бараат враќање на зем

Сантјаго, 13 октомври 2021 (МИА) - Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера прогласи вонредна состојба и испрати војска на југот на земјата, во услови на зголемени конфликти со домородците на Мапуче, кои бараат враќање на земјата и регионална автономија.
Пинера, 71-годишен милијардер и член на конзервативната Национална партија за обнова, рече дека испратил воени сили во четири провинции во регионите Биобио и Арауканија за да се борат против „сериозните нарушувања на јавниот ред“ во тие провинции.
Претседателот и неговите сојузници тврдат дека „акти на насилство поврзани со трговија со дрога, тероризам и организиран криминал“ се случуваат на југот на земјата и дека вооружени групи убиле цивили и полицајци.

