Возовите во Индија повторно сообраќаат на местото на трагичната несреќа
- Патничките и товарните возови во Индија денеска продолжија да сообраќаат на местото на најсмртоносната железничка несреќа во државата во последните децении, за која властите соопштија дека е предизвикана од неисправен систем за сигнализација.
Љу Делхи, 5 јуни 2023 (МИА) - Патничките и товарните возови во Индија денеска продолжија да сообраќаат на местото на најсмртоносната железничка несреќа во државата во последните децении, за која властите соопштија дека е предизвикана од неисправен систем за сигнализација.
Возовите проаѓаат покрај остатоците од вагоните од несреќата што се случи во петокот вечерта кај градот Баласоре во источната индиска држава Одиша. Во несреќата животот го загубија најмалку 275 луѓе, а неколку стотици се повредени.
Од двете страни на пругите е поставена зелена мрежа за да се заштитат урнатините од погледот на минувачите.
Министерот за железници Ашвини Ваишнав беше на местото на настанот кога првиот воз помина покрај местото на несреќата доцна во неделата, притоа молејќи се.
Министерството за железници соопшти дека првиот воз поминал, кој превезувал јаглен, поминал 51 час по судирот.
Засега не се знае дали шините се целосно санирани, бидејќи возовите денеска се движат само од едната страна. паг/
Фото: ЕПА