• сабота, 23 ноември 2024

Воздушниот сообраќај во Грција лани бил на ниво на 1991 година

Воздушниот сообраќај во Грција лани бил на ниво на 1991 година
Атина, 13 јануари 2021 (МИА) – Пад од 69,3 отсто бележи воздушниот сообраќај во Грција во 2020 година, со што земјата се врати на нивото од пред 30 години, со нешто помалку од 20 милиони патници на аеродромите, се гледа од податоците на Агенцијата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина. Бројот на патници на сите грчки аеродроми во 2019 година изнесувал 64.169.005, а лани 19.699.596, додека пак пад има и во однос на летовите, како домашните така и од странство. Во 2020 година, бројот на летови е намален за 46,4 отсто, односно на 448.600. -Податоците за големиот пад, како резултат на Ковид-19 и мерките за ограничување на движењето наметнати во целиот светот, покажуваат дека нашата земја се врати на нивоата на патнички сообраќај од пред 30 години, поточно во далечната 1991 година кога на аеродромите во Грција беа регистрирани 19.587.805 патници, соопштуваат од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција. ср/сд/

Остани поврзан