• понеделник, 23 декември 2024

Возач се обидел да удри во двајца полицајци на локалниот пат кон село Богојци

Возач се обидел да удри во двајца полицајци на локалниот пат кон село Богојци
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - На локалниот пат кон село Богојци возач се обидел да удри во двајца полициски службеници, откако претходно полицијата дала знак за запирање. - Околу 11:20 часот во текот на вчерашниот ден, на локалниот пат кон село Богојци, струшко, полицијата од Полициското одделение Велешта дале знак за запирање на патничко возило „Опел фронтера“, без регистарски ознаки, кое било натоварено со дрва и во кое имало две лица. Откако возачот не застанал, тој се обидел да удри во двајца полицајци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР додаваат дека повредени лица нема, а увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот. ки/лв/

Остани поврзан