Воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја забрзано се проширува, изјави рускиот министер за одбрана во Пјонгјанг
- „За време на посетата на рускиот министер за одбрана се планирани низа билатерални средби со военото и политичко-военото раководство на Северна Кореја,“ соопшти руското Министерство за одбрана.
Пјонгјанг, 29 ноември 2024 (МИА) - Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов пристигна денеска во официјална посета на Северна Кореја.
Во Пјонгјанг тој изјави дека воената соработка меѓу двете земји брзо се проширува, соопшти прес-службата на руското министерство за одбрана.
Посетата се одвива во контекст на зголеменото приближување меѓу Русија и Северна Кореја. Северна Кореја испрати војници во делумно окупираната руска Курска област, што предизвика осуда од Украина, Јужна Кореја и Западот.
„За време на посетата на рускиот министер за одбрана се планирани низа билатерални средби со военото и политичко-военото раководство на Северна Кореја,“ соопшти руското Министерство за одбрана.
Белоусов беше пречекан на меѓународниот аеродром во Пјонгјанг од севернокорејскиот колега Но Гуанг-чол.
Според руското Министерство, договорот за стратешка соработка, потпишан годинава, има за цел да го намали ризикот од војна во Североисточна Азија и да го зачува балансот на силите во регионот. ссм/
фото: ЕПА