• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Со законските измени МВР се отвара за професионалците, се дефинираат критериумите и се усогласува внатрешната организација

ВМРО-ДПМНЕ: Со законските измени МВР се отвара за професионалците, се дефинираат критериумите и се усогласува внатрешната организација

Скопје, 23 јули 2025

Заврши времето на шиканирањето на професионалците во Министерството за внатрешни работи. Заврши времето на Оливер Спасовски, кога полицајки сами се удираа од пајак возила, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Миле Талески од СДСМ, што МИА ја објавува во интегрална форма.

Заврши времето на шиканирањето на професионалците во Министерството за внатрешни работи.

Заврши времето на Оливер Спасовски, кога полицајки сами се удираа од пајак возила.

Заврши времето кога Спасовски, наместо да ги заштити полициските службеници, се ставаше во служба и заштита на криминалци и насилници.

И откако СДС на чело со Оливер во МВР, министерството го претворија во служба со која царувале криминалците, сега жолчно се борат против закони кои го враќаат професионализмот на полициските служби.

СДС за седум години МВР го стави во служба на мафијата и нивен заштитник, така што на 215 белосветски криминалци и наркобосови и додели македонски пасоши, наместо да биде во служба на заштита на безбедноста на граѓаните и државата.

Откако за седум години власт, СДС ги остави полициските службеници без основни средства за работа, дури и без униформи, сега од опозиција се буни и му смета вреднувањето на трудот и посветеноста на професионалците.

СДС кој што не може да излезе од сенката на Зоран Заев и кој сеуште раководи од партијата, може да измислува, критикува и да се обидува да манипулира со јавноста колку сака, тоа не му поминува.

Затоа што граѓаните гледаат и знаат кој работи во нивен и во интерес на државата.

Законските измени што се носат се исклучиво за подобрување на состојбите во безбедноста и полициските служби и МВР се отвора за професионалците.

Се дефинираат професионални и специфични критериуми за директори, кои ќе се именуваат исклучиво со искуство во полициските работи.

Се отвораат нови полициски станици и се усогласува внатрешната организација и нормативното уредување со новиот концепт на управување во полицијата.

Институционалниот пустош кој СДС го остави, полека се санира и средува.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан