• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Советничката група на ВМРО - ДПМНЕ во Град Скопје продолжува со спроведување нови политики

ВМРО-ДПМНЕ: Советничката група на ВМРО - ДПМНЕ во Град Скопје продолжува со спроведување нови политики
Скопје, 2 март 2022 
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје почнувајќи од денеска започна со отворени средби со граѓаните се со цел приближување на граѓаните до работата на градот, реализација на проекти, како и директно запознавање на проблемите со кои се соочуваат.
 
Ваквата иницијатива за отворени средби од страна на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје која ќе се одвива секоја прва среда во месецот наиде на поздравување од страна на скопјани, кои на средбите заклучија е добра основа за отворен разговор, слушање на предлози идеи и проекти, но и проблеми со кои што се соочуваа изминатите четири години.
 
На средбата голем број на граѓани посочија дека изминатите четири години биле запоставени од страна на локалните власти, а градот узурпиран од поединци, чија примарна цел било сопствениот интерес, а не решавање на сериозните проблеми и потребите на скопјани.
 
Голем број на нерешени проблеми, нетранспарентност, нефункционалност на институциите под надлежност на градот, не реализација на проекти и немање на слух од страна на локалните власт се само дел од проблемите кои што денес советниците во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ ги констатирале од разговорите со скопјани.
 
ВМРО-ДПМНЕ и Советничката група во Град Скопје и понатаму продолжуваат со спроведување на нови политики и отворен пристап, се со цел поголема транспарентност, достапност на институциите и комуникација со граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_____________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан