• четврток, 30 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против парите во бизнисот и против развојот на економијата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против парите во бизнисот и против развојот на економијата

Скопје, 29 јануари 2025 

СДС се против парите во бизнисот и против развојот на економијата.

СДС се против компаниите да добијат евтини кредити со каматна стапка од 1.95%, до 3 години грејс период и рок на отплата до 15 години.

СДС е против развојот на економијата, затоа што во нивно време функционираа само фирмите од тендер шемите и фирмите блиски до Заеви кои испумпаа милиони од Еуростандард банка.

СДС е против тоа да се развиваат фирмите кои немаат врски со СДС и нивниот врв, туку се на народот, кој напорно работи за себе и за државата.

СДС не сака економијата да се развива и не се навикнати да дадат поволности за граѓаните, туку само за себе блиските луѓе.

 

Токму овие алчни, криминални и арогантни политики на СДС беа поразени, а тие никако да ја научат лекцијата и да излезат од матрицата на деструктивност.

 

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на прес-конференција на Фани Каранфилова Пановска 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан