• четврток, 06 март 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги напаѓа инспекторатите и ги штити картелите кои му ја одраа кожата на народот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги напаѓа инспекторатите и ги штити картелите кои му ја одраа кожата на народот

5 март 2025 

СДС ги напаѓа инспекторатите и ги штити картелите кои му ја одраа кожата на народот.

СДС денес удри против Трудовиот инспекторат, затоа што тој заедно со Пазарната инспекција се бори против картелите кои во изминатиов период ги вивнаа цените во малопродажба до плафон.

Народот денес плаќа поскапо во продавниците, аптеките, салоните и другите малопродажни ланци, затоа што власта на СДС и ДУИ го толерираше тоа.

СДС е заштитник на картелите, и сега излезе на површина кој со каква цел е.

Лицемерието на СДС е обелоденето, народот сега гледа. ВМРО-ДПМНЕ е со народот, а СДС со картелите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан