• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор

ВМРО-ДПМНЕ: Референдумското прашање е во духот на европските принципи – против асимилаторски билатерален договор
Скопје, 6 септември 2022  Официјалната реакција на СДС треба да се проучува во теоријата како пример за “отсутна реакција“. Како соопштението да им беше однапред напишано и со теза за напад дека ја оспоруваме преговарачката рамка, а не договорот со Бугарија кои тие го потпишаа во 2017-та година. Овој референдум не е антиевропски, туку напротив е целосно европски бидејќи се спротивставува на асимилаторските и негаторските постапки насочени против македонскиот идентитет, историја и јазик.  Негирањето на историјата културата идентитетот и јазикот на еден народ е целосно спротивно на европските принципи и вредности. До толку повеќе што референдумското прашање се однесува на еден билатерален договор меѓу две земји со кој се регулираат билатерални односи. Како може да се рече дека сме против ЕУ, кога сме против овој билатерален договор, што за жал другата страна го користи да се изгради кула со која се негира македонскиот идентитет и историја? Коренот на проблемите е тој кој што треба да се решава, затоа што во него се наоѓа причината за уцените, пречките и диктатите кои го загрозуваат интегритетот на Македонија, засебноста на македонскиот културен и јазичен идентитет. Раскинувањето на овој договор ќе значи раскинување на барањата за промена на учебници, спорење на јазикот историјата, културата. Народот јасно покажува дека е против ваквата подредена положба во која е ставен поради непромисленоста на СДС и Ковачевски. Народот не беше прашан, туку напротив постојано беше игнориран. Стравот на врхушката на СДС е јасен. Тие се одговорни за ваквиот штетен договор и во исто време се свесни дека и нивните поддржувачи  како и огромен дел од народот се остро против последиците кои договор ги носи. Тоа ги плаши и затоа се нервозни. Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.      

Остани поврзан