• петок, 03 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува борбата со криминалот и корупцијата, ќе има одговорност за секој кој сторил криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува борбата со криминалот и корупцијата, ќе има одговорност за секој кој сторил криминал

Скопје, 31 декември 2024

 

СДС и ДУИ оставија криминал и пустош, ВМРО-ДПМНЕ го рехабилитира системот и владеењето на правото.

Изминатиов период на виделина излегоа неколку криминални случаи, од кои јасно се гледа како СДС и ДУИ ја ограбувале државата.

Од милионскиот криминал на Артан Груби во Лотарија, преку милионските тендери на Васко Ковачевски во РЕК Битола, до криминалните договори на Јован Деспотовски во ТИРЗ, милиони се испумпани од државата.

СДС и ДУИ на државните претпријатија гледале како на колач за делење.

И додека СДС и ДУИ правеле финансиски криминал во институциите, оставиле на улиците да дивеат банди, кои сега веќе се зад решетки.

Презафатеноста со милионските тендери на СДС и ДУИ, наместо со спроведување на законот, допринело криминалци да се пукаат по улици, сето ова сега е минато.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за краток период успеа да покрене постапки за одговорност на голем број криминали, а владеењето на правото функционира.

Продолжува борбата со криминалот и корупцијата. Одговорност за секој кој сторил криминал ќе има.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан