• петок, 13 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во образованието ги зголемивме и до 110 проценти

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во образованието ги зголемивме и до 110 проценти

Скопје, 2 септември 2022

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за образованието антимакедонската СДС не може да го искречат, а платите ги зголемивме и до 110%.

Не е точно дека платите во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ се зголемени за 4%. Зголемување во висина од 60% беше направено за највисоките плати, а 110% за најниските плати.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ се реновираа студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“. Антимакедонската СДС нема започнато ниту едно ново реновирање, а ветуваше студентски град.

Над 150 спортски сали беа направени, и најголемиот број на училишта беа реновирани.

Сега Македонија тоне на образовен план. Нема ниту свидетелства, ниту учебници.

Македонија нема еден универзитет во првите 1.000 на Шангајската листа.

Со антимакедонската СДС образованието ни е како во Африка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан