• вторник, 11 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Мирчевски кој е осомничен за проневера на државни пари сеуште е претседател на Комисија на СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Мирчевски кој е осомничен за проневера на државни пари сеуште е претседател на Комисија на СДС

Скопје, 9 февруари 2025

СДС е партија која е криминално мочуриште.

СДС е партија каде нејзините функционери додека биле на власт наместо за државата и интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и профит на блиски лица до врхушката на СДС.

Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДС.

Кадарот на СДС Пеце Мирчевски кој е фатен во криминал и проневера на државни пари наместо за интерес на Службата и Владата работел за свој личен профит.

Пеце Миречески кој како функционер ја крадел државата се уште е на партиска функција во СДС според нивната партиска интернет страница.

Мирчевски кој крадел и злоупотребил народни пари е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање.

Доколку Филипче не го разреши другар му Мирчевски кој има сторено низа криминални дела и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДС само ќе продолжат да тонат се подлабоко во политичкото мочуриште.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан