• недела, 29 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот

Скопје, 28 октомври 2024 

Синдикалната кошничка намалена  за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение.

Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари.

Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година.

Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните.

Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.

Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро.

ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 

Остани поврзан