• сабота, 22 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Богојавление - Водици на сите Православни Христијани

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Богојавление - Водици на сите Православни Христијани

Скопје, 19 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ им го честита Богојавление - Водици на сите Православни Христијани.

Денеска пред се ја славиме љубовта која Бог ја покажал кон човештвото и правецот кој ни го дал, нека таа љубов и тој правец бидат водилки кои ќе не водат низ нашите животи и делување.

Со Божјата љубов и поткрепа нека се отворат нови хоризонти за Македонија и општествен просперитет.

Да се сплотиме околу вистинските вредности и да покажеме дека го разбираме учењето на нашиот Господ Исус Христос, создавајќи општество подобро за сите.

За многу години Богојавление! Бог се јави!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан