• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите, а не се чека да изгори опфатениот дел, па да се гаси

ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од порано, сега се реагира веднаш за пожарите, а не се чека да изгори опфатениот дел, па да се гаси

8 јули 2025

СДС повторно бесрамно лаже за пожарот кој се случи во текот на вчерашниот ден во Чучер Сандево.

СДС беше власт 7 години и наместо да се позанимава со набавка на возила, модернизација или пак да покрене некаков чекор за борбата со огнените стихии, тие гледаа од каде тендер да наместат и да ќарат провизии.

За разлика од порано кога државата во летните периоди беше во пламен, сега се реагира веднаш.

38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите, Македонија за прв пат со оваа Влада добива интервентна  пожарна со 50 специјализирани возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени.

Армиските и полициските возила се пренаменети и ставени на располагање на Владата и на Дирекцијата за заштита и спасување со цел зголемување на капацитетите за справување со пожарите во земјава. 

Со пренамена на полициски и армиски возила државата заштедува неколку десетици милиони евра, а се зголемуваат капацитетите за гаснење на пожари.

На располагање се и по два полициски и армиски хеликоптери кои се подготвени доколку има поголеми пожари и огнени стихии.

По 400 евра за 400 невработени се предвидени за сезонски работници за борбата со пожарите низ државата.

Имаме план, Македонија ќе ги зачува белите дробови.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан