• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Владата отиде на промоција на приватен проект на Бит Пазар затоа што нема свој

ВМРО-ДПМНЕ: Владата отиде на промоција на приватен проект на Бит Пазар затоа што нема свој
Скопје, 3 септември 2021 Зоран Заев, Петре Шилегов, Артан Груби и цела влада отидоа на промоција на приватен проект на Бит Пазар, затоа што нема со што свое предизборно да се пофалат. Гол популизам е што Владата отиде на промоција на приватен проект затоа што нема свој. СДСМ и ДУИ државата ја втурнаа во рецесија, потрошија четири огромни буџети, ја задолжија државата, 60.000 нови невработени оставија на улица, а се фалат со приватна инвестиција. Каде ќе одеа денеска ако не беше приватната инвестиција на Бит пазар? Очекуваме Заев и целата владина свита од денеска да дојдат и на промоција на дивоградбата, нелегалната зграда на Шилегов во Карпош. И тоа е приватна градба, само што зградата на Шилегов е дивоградба, без дозвола. Заев, Груби и Шилегов знаат дека на 200 метри од "црвените теписи" денеска се живее како во 18ти век без канализација и инфраструктура, ама за таму не се интересираат. Нема полошо од СДСМ за Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан