• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата контиуирано ги зголемува платите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата контиуирано ги зголемува платите

Скопје, 23 април 2025


СДС очигледно мислат дека работите се поправаат со магично стапче.

Да им појасниме, пустошот во кој ја оставија Македонија на секој план, не се поправа преку ноќ.

Еве неколку факти за подобрување на животниот стандард кој СДС успеа да го уништи за седум години власт.

Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%.

Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%.

Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%.  За период од четири години предвидено е зголемување на платите во здравството до 50%.

Ова е сериозно работење и менување на срушениот систем на подобро.

Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата.

Ситуацијата укажува на едно, СДС за седум години станаа синоним за пустошење и кражба.
 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Остани поврзан