ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?
- Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник? Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 1 март 2026
Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела? И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник? Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ кое МИА го објавува интегрално.
Очигледно денес портпаролката Кузеска има слободен ден, па нејзиниот претседател Венко Филипче излезе да го каже истото што го повторуваат како грамафонска плоча.
Бесцелни, досадни и манипулативни.
Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа. Што се однесува до човековите права и споредбите со Иран, Ајатолахот, а и Филипче беа дел од една иста влада која спроведе најбрутална политичка пресметка и политички прогон преку инструментите на СЈО. Тоа СЈО прерасна во огромна кражба и рекет машинерија од која Филипче историски и политички треба да се срами. СДС на чело со Филипче нема визија ниту за сопствената партија ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.
На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција, а не политички театар. Во Македонија право и правда мора да има а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ